Жителите на Москва ќе добијат нова услуга – СМС пораки со информација од социјално значење: сите кои сакаат ќе можат да добиваат пораки од градските власти, пораки за културните случувања, како и различни предупредувања, пренесува „Известија“.
Оваа идеја била разгледана во владата на Москва, изјави заменикот градоначалник на Москва, Леонид Печатников.
Според неговите зборови, информативни СМС пораки ќе можат да добиваат сите московјани кои ќе се согласат да ги добиваат истите, а за тоа ќе треба да се регистрираат на интернет-страницата на градот Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче