Западни медиуми: во САД, Европа и на Блискиот Исток влошен е односот кон Русија поради Украина

Јавното мислење за Русија во САД, Европа и Блискиот Исток, како и во некои други региони, е влошено поради ситуацијата во Украина, пишува The New York Times. За ова сведочат резултатите од анкетата на Pew Global Attitudes.

Јавното мислење за Русија во САД, Европа и Блискиот Исток, како и во некои други региони, е влошено поради ситуацијата во Украина, пишува The New York Times. За ова сведочат резултатите од анкетата на Pew Global Attitudes.

Негативниот однос кон Русија од страна на Американците и Европејците е зголемен во последнава година, забележува весникот. Во 2014 година дури 81% од Полјаците имаат негативно мислење кон Русија, споредено со само 54% во 2013 година. Ако во минатата година Британците практично имале 50% - 50% мислење за Русија, сега негативно мислење имаат 63% од Британците.

Односот на Украинците кон Русија исто така претрпе промени. Во 2011 година 8 од 10 жители на Украина имале позитивно мислење за Русија, додека сега позитивно мислење имаат само 35% од Украинците.

Помалку љубов кон Русија има и во Латинска Америка, иако таму падот на поддршката не е толку остар како во САД или Европа, забележува весникот. Во африканските држави најчесто кон Русија постои позитивен однос, освен во ЈАР, каде негативно мислење за Русија имаат 51% од населението. Во Азија преовладува позитивното мислење за Русија (освен Јапонија). На Блискиот Исток Русија веќе неколку години е непопуларна, додава изданието.

Истражувањето е спроведено од март до јуни во 44 држави во светот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња