Руските „Мистрали“ ги оставија без барови

Во штабот на Воено-морската флота (ВМФ) на Русија дојдоа до заклучок дека условите на бродовите „Мистрал“, кои се градат во Франција за Русија – се премногу комфорни.

Во штабот на Воено-морската флота (ВМФ) на Русија дојдоа до заклучок дека условите на бродовите „Мистрал“, кои се градат во Франција за Русија – се премногу комфорни. Воените лица биле изненадени од барот кој е предвиден за офицерите на бродот, па затоа таа просторија е заменета со традиционална соба за одмор на офицерскиот состав, пренесува „Известија“.

„Според бродскиот кодекс на ВМФ, секој морнар треба да се воздржува од штетни навики, вклучувајќи и употреба на алкохол. На нашите бродови секогаш имало соба за одмор на офицерскиот состав“, пренесува весникот, пренесувајќи ги зборовите на претставник од главниот штаб на ВМФ.

И покрај тоа што на бродовите за време на некои специјални посети се служи алкохол, за офицерскиот состав и морнарите е строго забранета употребата на алкохол. „Бар не ни треба – ние не сме навикнати на тоа, не сме воспитани како Французите. Забави во нашата флота има многу – морнарите гледаат филмови, прават хумористични претстави, пишуваат писма“, забележа контраадмиралот Владимир Захаров.

Договорот за продажба на „Мистралите“ беше потпишан во 2011 година. Сумата на договорот изнесува 1,2 милијарди евра. Се планира првиот брод да биде испорачан во Русија во октомври 2014 година, а вториот – во 2015 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња