Русија се најде на второто место помеѓу најголемите извозници на оружје во светот, наоѓајќи се веднаш зад САД. Ова се податоците кои се наведени во годишното издание на Стокхолмскиот меѓународен институт за изучување на светските проблеми, пренесува „Интерфакс“.
„Од 2008 до 2012 година пет најголеми извозници на оружје – САД, Русија, Германија, Франција и Кина – продале 75% од оружјето извезено во светот“, се кажува во изданието. САД учествувале со 30% од сите испораки на оружје во светот.
Од 2008 до 2012 година Русија имала удел од 26% на светскиот пазар на оружје. Притоа, во наведениот период извозот на Русија пораснал за 28%. Околу 65% од извозот на Русија оди во државите во Азија и Океанија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче