Извозот на Рено во Казахстан во првите шест месеци од годинава порасна двојно, до 4.000 автомобили, а во Белорусија за 29% (до 2.100). Во овие земји се продаваат автомобилите произведени во фабриката која француската компанија ја отвори во Русија, пишува весникот „Ведомости“.
Соработник во Рено забележа дека компанијата планира и понатаму да го зголемува извозот во Белорусија и Казахстан.
Средната цена на моделите Рено произведени во Русија изнесува околу 11.000 евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.