Русија е подготвена да ги разгледа прашањата за економските прашања на Крим од страна на странските граѓани и организации, вклучувајќи ги и украинските. Ова го изјави шефот на Министерството за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, а пренесува РИА „Новости“.
„Разбираме дека на Крим постојат економски интереси од граѓани од други држави. Ние сме подготвени да ги разгледаме тие прашања. Има руски структури кои со тоа се занимаваат“, изјави тој за време на конференцијата за печатот.
Претходно беше објавено дека руската страна е подготвена да изврши консултации со Украина, Молдавија и Грузија поради измената на економската политика поради асоцијацијата на тие држави со Европската унија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче