Во МНР на Украина бараат од Русија враќање на јуриздикцијата врз Крим и прекин на поддршката на самоодбраната на истокот на земјата како услов за да се нормализираат односите со својот сосед, пренесува „Интерфакс“.
„Нормализацијата на односите со Русија ќе настапи кога ќе биде вратен Крим, кога Русија ќе ги повлече вооружените сили од украинската граница и кога ќе ја прекине поддршката на терористичките групи кои се наоѓаат сега на територијата на Украина“, изјави заменикот шеф на МНР на Украина, Данило Лубкивски.
Лубкивски подвлече дека Киев бара можности за преговори со Москва и се надева на мирно регулирање на ситуацијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче