Добиен е сигнал од првиот руски приватен сателит DX1

Првиот руски приватен космички апарат DX1 го трансмитираше првиот сигнал и испрати телеметриска информација, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на компанијата која го произведе сателитот.

Првиот руски приватен космички апарат DX1 го трансмитираше првиот сигнал и испрати телеметриска информација, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на компанијата која го произведе сателитот.

„Три часа после лансирањето на ракетата, сателитот DX1 се најде во видниот простор на антената во Центарот за управување со летови на Dauria Aerospace. Специјалистите успеаја да дешифрираат неколку пакети податоци и да ги пратат првите команди“, соопштија во прес-службата на компанијата.

„После извршувањето на деталните проверки, сателитот ќе започне со извршување на неговата комерцијална дејност: мониторинг на движењето на бродовите на океанските и речните линии“, забележаа во компанијата.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.