Во Русија успешно е тестирана противракета со голем радиус на дејство

Според податоците на извор во одбранбено-индустрискиот комплекс, во Русија успешно завршија испитувањата на противракетата со голем радиус на дејство, која наскоро треба да влезе во составот на перспективниот зенитно-ракетен систем С-500, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Испитувањата се извршени во последните денови на јуни. Сите поставени задачи и цели се целосно решени“, пренесено е во ОИК.

Се забележува дека создавањето на новиот зенитен систем С-500 се води во согласност до роковите кои се укажани во државната програма за вооружување до 2020 година.

С-500 ќе може да открие и порази до 10 балистички цели кои летаат со брзина од 7 км/с, како и блокови на суперсонични крилести ракети. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња