Позната е цената на Лада Веста во Русија

Се подготвува нов модел на „АвтоВАЗ“.

Претседателот на „АвтоВАЗ“, Бу Андерсон, ги претстави во Казањ „лифтбек“ верзиите на Лада Гранта и Лада Веста и изјави дека вредноста на моделот Лада Веста ќе изнесува 400.000 рубљи во Русија (околу 8.500 евра), се пренесува во соопштението за печатот во компанијата, а пренесува „Газета.ру“.

Веста е создадена врз основа на универзалната платформа на Лада Б, создадена од „АвтоВАЗ“. Дизајнот на моделот е сличен со концептот на Lada XRay. Почетокот на сериското производство ла Лада Веста ќе започне на 25 септември 2015 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња