Компанијата South Stream склучи договор со ќерката-компанија на „Гаспром“ – „Центргас“. Последната победи на тендерот за изградба на магистралниот гасовод „Јужен тек“ на територијата на Србија. Ова е пренесено за времена прес-службата на „Гаспром“.
„Центргас“ ќе го изврши проектирањето, испораката на опремата и материјалите, како и граадежно-монтажните работи. Исто така, во плановите на компанијата спаѓа и обуката на персонал и експлоатација на „Јужен тек“ во Србија. Според условите од договорот, за реализација на одделни видови работи ќе бидат ангажирани српски компании.
„Јужен тек“ е инфраструктурен проект за изградба на гасовод со пропусна моќ од 63 милијарди кубни метри преку водите на Црното море и низ државите на Јужна и Централна Европа со цел да се диверзифицираат маршрутите за извоз на природен гас. Кон крајот на 2015 година се планираат првите испораки на гас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче