Западните држави погрешно ја оценија мотивацијата на Русија во Украина, се кажува во статија на The Guardian. Претходно беше соопштено дека украинските војници целосно го зазеле Славјанск и Краматорск. Во врска со тоа, авторот на статијата го поставува прашањето: „А каде се Русите?“
„Ако претседателот на Русија, Владимир Путин беше толку насочен на востановување на влијанието на Москва во Украина, ако толку многу сакаше да ги зачува врските со тие браќа-словени, ако неговата крајна цел е возродување на империјата, тогаш зошто не се фрли да им помогне на тие кои се бореа и умираа во Донецк и Славјанск?“, се забележува во статијата. Авторот, исто така, поставува прашање – зошто од НАТО не се слушаат изјави за руската војска „која е премногу блиску до источната граница на Украина“, а од Вашингтон и Лондон – нови предупредувања за последиците од дејноста на Москва во случај да се продолжи политиката на приклучување на нови украински територии.
Авторот смета дека „руската агресија“, за која толку уверено предупредуваат во западниот свет, може воопшто и да не постои. Очигледна причина за тоа може да биде фактот дека санкциите против Москва имаат некаков ефект, се кажува во статијата.
Освен тоа, авторот на материјалот изразува мислење дека дејствата на Москва на границата со Украина можат да се објаснат не со тоа дека Русија „сакала да окупира дел од украинската територија“ или „да ја направи нестабилна“, туку со засилување на сопствената безбедност и прекинување на обидите за незаконско преминување на границата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче