Новак и Етингер ќе одржат билатерален состанок кон крајот на идната седмица

Обид за решавање за недоразбирањата меѓу ЕУ и Русија на енергетскиот пазар.

Министерот за енергетика на Русија, Александар Новак и комесарот на Европската унија за енергетика, Гинтер Етингер, се договорија за време на телефонски разговор во понеделникот да одржат билатерален состанок кон крајот на следната недела. Како што пренесува прес-службата на руското Министерство за енергетика, местото и точниот датум уште не се одредени.

На претстојните преговори планирано е да се зборува за клучните прашања во односите меѓу ЕУ и Русија во областа на енергетиката. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња