На космодромот Плесецк ракетата-носач „Ангара-1.2ПП“ е подготвена и донесена на стартната позиција во комплексот, пренесува „Интерфакс“.
„Во понеделник утрото ракетата-носач беше донесена на стартната позиција“, пренесе соработник на космодромот.
Претходно беше соопштено дека следниот обид за лансирање на „Ангара“ е закажан за 9 јули.
На 27 јуни лансирањето на ракетата-носач „Ангара“ беше автоматски преместено за 24 часа поради грешка во системот. Следниот ден лансирањето исто така беше одложено на неопределено време.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче