Канализацијата во Санкт Петербург ќе се ароматизира со дезодоранси

Во градските колектори на Санкт Петербург инсталирани се 13 дезодоранси за неутрализација на непријатниот мирис кој се појавува во канализацијата, пренесува „Интерфакс“.

Во градските колектори на Санкт Петербург инсталирани се 13 дезодоранси за неутрализација на непријатниот мирис кој се појавува во канализацијата, пренесува „Интерфакс“.

Во прес-службата на компанијата „Водоканал“ забележуваат дека поставена е цел за борба со непријатните мириси, и поради тоа се врши тестирање на специјални филтри со активен јаглен и биофилтри.

„Уште една метода на борбата со мирисот – е инсталирање на системи за дезодорирање. Дезодорансите кои се поставуваат претставуваат пластични кутии во кои се наоѓа гел кој содржи неутрализатори и синтетички масла“, изјави претставник на „Водоканал“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња