„Јужен тек“ ќе дојде во Косово

Рускиот гас, кој во 2015 година треба да дојде до Европа преку „Јужен тек“, може да протече и низ Косово, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на материјалите подготвени за посетата на премиерот на Србија, Александар Вучиќ во Русија.

„Се разгледува прашањето за продолжување на гасоводот до административната линија Србија-Косово и создавање на паралелна потрошувачка мрежа на Косово за испорака на руски природен гас“, се пренесува во документот.

Исто така, од територијата на Србија се планира создавање на два крака: на територијата на Босна и Херцеговина и Хрватска. Се разгледува и можноста за градење крак кон Македонија. Тоа е погодна варијанта за Србија, бидејќи ќе ѝ дозволи статус на енергетски јазол. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња