Авионите на Германија и Романија ќе летаат над Русија

Надгледувачи од Германија и Романија од 7 до 11 јули ќе летаат над територијата на Русија во рамките на меѓународниот Договор за отворено небо.

Надгледувачи од Германија и Романија од 7 до 11 јули ќе летаат над територијата на Русија во рамките на меѓународниот Договор за отворено небо, изјави началникот на Центарот за намалување на нуклеарната опасност, Сергеј Рижков.

Во текот на летот, во склад со договорената рутина, руските експерти во романските авиони за надгледување Ан-30 ќе го контролираат почитувањето на договорените параметри за лет. Ан-30 е авион кој не е опремен со било какво оружје.

Во исто време, група руски инспектори ќе извршат контролен лет над територијата на Полска. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.