Медиуми: Бугарија на удар на антируската политика на Западот

Замрзнувањето на изградбата на делницата од гасоводот „Јужен тек“ поради притисокот на Западот предизвика остра политичка криза во Бугарија и раскол во општеството, јавува РИА „Новости“.

Замрзнувањето на изградбата на делницата од гасоводот „Јужен тек“ поради притисокот на Западот предизвика остра политичка криза во Бугарија и раскол во општеството, јавува РИА „Новости“.

Како што пишува американскиот “The Christian Science Monitor”, изградбата на делницата „Јужен тек“ на територијата на Бугарија треба да биде силен импулс за најсиромашната економија во Европа, бидејќи Бугарија би можела да смета на милијарди долари инвестиции и илјади нови работни места, како и на гарантирано снабдување со гориво.

Меѓутоа, во контекст на украинската криза, санкциите кон Русија и останатите стравувања на Европа, „Јужен тек“ стана предмет на политичка игра.

Европската унија го постави прашањето за легитимноста на договорот за изградба на бугарскиот дел од гасоводот, а САД почнаа да вршат притисок врз Бугарија поради нејзините односи со руската компанија „Стројтрансгас“, која е под санкции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.