Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, апелираше во телефонскиот разговор со германскиот колега Франк Валтер Штајнмаер и францускиот колега Лоран Фабиус на итен состанок на контакт групата за Украина заради договорот за прекин на огнот, се кажува на Фејсбук страницата на руското министерство.
Оваа задача стана уште поактуелна после активирањето на воената операција на украинските власти, нагласено е во министерството. Руската страна е уште позагрижена поради големиот број жртви меѓу цивилното население и оштетената инфраструктура. Освен тоа, нагласено е во дипломатскиот ресор дека борбените дејства се проследени со пукања на руска територија, што претставува препрека за бегалците кои сакаат да ја напуштат зоната на конфликтот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче