Германски агент се обидувал да ги понуди своите услуги на Русија, пишува весникот The Independent, повикувајќи се на извор во германската разузнавачка служба.
Весникот известува дека шпионот најверојатно им предал на САД најмалку 300 тајни документи симнати од компјутерот на германската Сојузна служба за разузнавање. Три недели пред да биде уапсен, тој испратил електронско писмо во руската амбасада во Германија, во кое тој ги понудил своите услуги. Писмото било пресретнато од контраразузнавачката служба.
Германските власти го приведоа 31-годишниот престапник кој признал дека на Американската агенција за национална безбедност ѝ пратил информации за работата на специјалната комисија за истрага на работата на најголемата разузнавачка служба во Германија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче