На заседанието на Државната комисија за космички тестирања на „Ангара“ донесено е решение да се изврши лансирање на ракетата-носач „Ангара-1.2ПП“ на 9 јули.
„Следниот обид за лансирање на ракетата-носач од лесна класа „Ангара“ ќе се изврши на 9 јули“, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на извор близок до комисијата.
На 27 јуни лансирањето на ракетата-носач „Ангара“ беше автоматски презакажано за 24 часа поради грешка во системот, а следниот ден лансирање не се изврши поради проблем со дел од системите на ракетата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.