Русија создаде електронска табличка заштитена од шпионажа

Руските специјалисти создадоа специјална електронска табличка за воена намена која ќе работи под вода, има заштита од прав и паѓања, а според карактеристиките нема да отстапува од современите уреди.

Руските специјалисти создадоа специјална електронска табличка за воена намена која ќе работи под вода, има заштита од прав и паѓања, а според карактеристиките нема да отстапува од современите уреди. Освен тоа, уредот, ли како што го нарекуваат неговите создавачи – „рупад“, работи со помош на руски оперативен систем, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на заменикот на генералниот директор за развој на Централниот научно-истражувачки институт за економија и информатика и системи за управување, Дмитриј Петров.

Главна карактеристика на „рупадот“ е повеќеслојниот систем за заштита од одлив на информации, како и од влијанијата на надворешната средина. „Новата руска електронска табличка не само што има руски оперативен систем, но има и ‘паметно копче’ кое дозволува во било кој моменто физички да се исклучат модулите кои се способни да пренесуваат информации (звучник, микрофон, GPS, 3G, Bluetooth)“, изјави Петров.

Уредот е опремен со двојадрен процесор со брзина од 1 гигахерц и 1 гигабајт оперативна меморија, како и две камери. Освен тоа, во него ќе се најдат сите современи модули за комуникација.

„Рупедот“ ќе може да функционира на длабочина од еден метар во рок од 30 минути и при аномално високи температури до плус 55 степени. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња