Путин од 11 до 16 јули ќе отпатува на самитот на БРИКС, Куба и Аргентина

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во средината на јули планира да ја посети Куба, Аргентина и Бразил, пренесува прес-службата на Кремљ.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во средината на јули планира да ја посети Куба, Аргентина и Бразил, пренесува прес-службата на Кремљ.

Како што се забележува, шефот на руската држава од 11 до 16 јули ќе ја посети Латинска Америка и ќе земе учество во самитот на БРИКС кој треба да се одржи во бразилскиот град Форталез.

За време на самитот на БРИКС планирани се билатерални преговори со лидерите на Кина, Индија, ЈАР, како и контакти со неколку лидери на латиноамериканските држави, се кажува во соопштението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.