Градоначалникот на Москва отпушти чиновник поради фотошоп

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, побара да се отпушти шефот на Пресненскиот реон во Москва, Александар Тарасов, поради поставување неточна информација на интернет-порталот „Нашиот град“, пренесува ИТАР-ТАСС.

Станува збор за качување слики и податоци на Интернет кои биле изработени во фотошоп и не ја рефлектирале реалноста.

„Дајте да го отпуштам, дајте ми ја хартијата и веднаш ќе ја потпишам, изјави градоначалникот. Зошто е тоа лажење? Тоа не е некое тајно нешто кое може да се скрие, тоа е Интернет, таму се гледа сѐ, не е можно никого да измамиш, освен самиот себе“.

Чиновникот ставил фотографија со приказ на адресна табличка на една од улиците во својот реон, која во реалност воопшто не била поставена на тоа место. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња