Новите санкции против Русија можат да остават без работа околу 25.000 Германци, пишува The Financial Times, повикувајќи се на шефот на Источниот комитет, Екхард Кордес. Оваа организација лобира во корист на интересите на компаниите кои работат во Источна Европа.
„Оваа криза е трн во око за деловните услови во Русија и Украина. Ете затоа се надеваме дека сите страни ќе спречат продлабочување на кризната ситуација и решително ќе ги искористат сите можности за деескалација“, изјави Кордес.
Како што забележа весникот, стравовите на германските компании ги имаат и компаниите од Италија, Франција и Велика Британија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче