Во водите на Црното море започнаа вежбите на силите на Црноморската флота под раководство на адмиралот Александар Витко, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на прес-службата на Министерството за одбрана на Русија.
„Со планот е предвидено да се извршат неколку наставно-борбени задачи за уништување на бродски групи на условен противник на отворено море, организирање на противвоздушнна одбрана на бродските групи и објекти на инфраструктурата на брегот“, изјавено е на прес-службата.
Во Министерството беше изјавено дека за време на вежбите ќе се вежба барање, откривање и уништување на подморници на условниот противник. Авионите на морската авијација ќе водат воздушно разузнавање и ќе нанесат удар на условниот противник.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче