Есенва во Русија ќе започна градежните работи околу Керченскиот мост

Вицепремиерот на Русија, Дмитриј Козак, кој се наоѓа во посета на Симферопољ, изјави дека неколку странски и руските градежни компании ѝ предлагаат на владата на Русија учество во изградбата на Керченскиот мост, чија прва етапа треба да започне есенва, пренесува „Интерфакс“.

Козак забележа дека при изборот на извршувачот на работите, главен критериум е подготвеноста на организацијата да обезбеди ниска цена и добри рокови за изградба на мостот.

„Има предлози од неколку компании, од италијанска, кинеска и од неколку руски компании“, изјави политичарот.

Тој додаде дека идната есен треба да започне проектирањето, како и подготвителните работи за изградба на мостот преку Керченскиот мореуз.

Керченскиот мост треба да го поврзе Крим со територијата на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња