Авион на МВС на РФ испорача 40 тони храна за украинските бегалци во Ростовската област

Хуманитарна помош за бегалците од Украина во Ростовската област.

Авион на Министерството за вонредни состојби на Русија ИЛ-76, натоварен со хуманитарна помош за лицата приморани да ја напуштат Украина, полета од московскиот аеродром Раменское и во петокот навечер пристигна во Ростов-на-Дон (Ростовска област), изјави портпаролот на Министерството за вонредни состојби, Александар Добришевски.

Вкупната тежина на товарот изнесува 40 тони храна, вклучувајќи месо во конзерви, шеќер и чај. Хуманитарната помош ќе биде испорачана во привремените скривалишта каде се сместени бегалците од југоисточните региони на Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња