Московски суд издаде налог за апсење на губернаторот на Днепропетровската област во Украина, олигархот Игор Коломојски, кому му е судено во отсуство, пренесува РИА „Новости“.
Против бизнисменот во Русија е покрената кривична постапка поради организирање на убиство и користење забранети средства и методи за водење војна.
Имено Коломојски е главниот противник за прекин на огнот и било какви контакти со самоодбраната на југоистокот на Украина.
Коломојски е еден од најбогатите луѓе во Украина. Неговото богатство, според Форбс, изнесува 1,8 милијарди долари. Финансиер е на неколку воени формации, сите вклучени во специјалната операција на истокот на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче