Русија ќе го легализира биткоин?

Виртуелните валути како биткоин можат да се најдат под законодавна регулација во Русија, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на изјавата на првиот заменик претседател на Централната банка на Русија, Георгија Лунтовски.

Тој забележа дека Централната банка работи на разгледување на овој вид валути заедно со владата. Тој не исклучува дека во иднина законодавно ќе биде регулирано ова прашање. „Денес ние ја анализираме ситуацијата“, појасни Лунтовски.

Според зборовите на Лунтовски, виртуелните валути не може да се игнорираат. „Може во нив да е иднината“, изјави Лунтовски. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња