Политиката на санкции кои ја спроведуваат САД и ЕУ против Русија е осудена на пропаст, изјави заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Григориј Карасин. Според неговите зборови, Русија е сигурна во своите сили, како економски, така и воени и политички.
Карасин, исто така, нагласи дека САД се заинтересирани ЕУ поактивно да учествува во решавањето на украинската криза. Според мислењето на дипломатот, американските власти поради тоа ја поттикнуваат Европа да воведе санкции против Русија.
САД и ЕУ воведоа санкции кон руските политичари, бизнисмени и компании откако Крим влезе во составот на Руската Федерација во март годинава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче