Истражен комитет на РФ: Зад убиството на рускиот снимател стои украински тајкун

Украинскиот тајкун Игор Коломојски стои зад убиството на снимателот на Првиот канал, Анатолиј Клан, смета официјалниот претставник на Истражниот комитет на Русија, Владимир Маркин.

Украинскиот тајкун Игор Коломојски стои зад убиството на снимателот на Првиот канал, Анатолиј Клан, смета официјалниот претставник на Истражниот комитет на Русија, Владимир Маркин.

Судот во Москва во средата наложи апсење на губернаторот на Днепропетровската област во Украина, тајкунот Игор Коломојски, кому му е судено во отсуство. Во Русија против Коломојски е покрената кривична постапка за организирање на убиство и употреба на забранети средства и методи за водење војна. Имено Коломојски е главниот противник на прекинот на огнот и било какви контакти со самоодбраната на југоистокот на Украина.

Клан (68) загина ноќта меѓу неделата и понеделникот. Врз него и колегите од другите телевизии било пукано во околината на Донецк. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња