Унгарија изјави дека ќе го изгради својот дел од Јужен тек и покрај несогласувањата со САД и ЕУ, кои се против проектот, пренесува Associated Press.
„Оние кои се против изградбата на гасоводот треба да предложат алтернативно решение и да објаснат како Унгарија ќе живее без енергија“, изјави премиерот Виктор Орбан.
Претходно властите на Бугарија изјавија дека ќе ја прекинат изградбата на гасоводот на својата територија. Тоа се случи веднаш откако Еврокомисијата укажа на несоодветноста на Јужен тек со антимонополските норми на европското законодавство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче