Москва побара од Киев да се спроведе објективна истрага за смртта на новинарот од Првиот канал во Донецката област и строго да ги казни виновниците, изјавено е во Министерството за надворешни работи на Русија.
Смртта на рускиот новинар повторно покажа дека вооружените структури на Украина очигледно не сакаат деескалирање на вооружениот конфликт на истокот на земјата и го блокираат примирјето“, нагласено е во министерството.
Во Донецк ноќта меѓу неделата и понеделникот загина снимателот на рускиот Прв канал, Анатолиј Клан. Според информациите кои пристигнаа, 68-годишниот снимач бил смртно повреден во стомакот и починал на патот до болницата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче