Вкупно 400 руски морнари ќе допатуваат во францускиот град Сен Назер на обука за ракување со носачите за хеликоптери „Мистрал“, кои Франција планира да ѝ ги испорача на Русија. Доаѓањето на морнарите се очекува ноќта наспроти 30 јуни, јавува француски „Фигаро“.
Како што се очекува, морнарите во пристаништето Сен Назер, каде се градат носачите за хеликоптери за Русија, ќе доловат на рускиот учебен брод „Смолни“. Се претпоставува дека обуката ќе трае до есента.
Првиот брод „Владивосток“ треба да биде испорачан на Русија веќе оваа есен, а другиот, „Севастопол“, ќе биде спуштен во вода наредната година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче