Првата серија борбени авиони „Сухој“ од Русија пристигна во Ирак, се наведува во соопштението на ирачкото Министерство за одбрана, објавено во саботата.
Според информациите на Министерството, 5 авиони пристигнале „на ирачката територија соодветно договорот со руското Министерство“. Министерството за одбрана на Ирак нагласи дека авионите ќе ја зголемат борбената способност на воздухопловството на земјата во борбата со терористите.
Ситуацијата во Ирак значајно се влоши на почетокот на јуни, веднаш откако сунитските бунтовници од терористичката група „Исламска држава Ирак и Леванта“ и други радикални групи кренаа во офанзива на северот на земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче