Еден милион туристи го посетиле Крим во првата половина на 2014

Бројот на туристи кои го посетиле Крим од почетокот на 2014 надмина 1 милион. Ова го пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на Елена Јурченко, министер за туризам на Крим.

Бројот на туристи кои го посетиле Крим од почетокот на 2014 надмина 1 милион. Ова го пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на Елена Јурченко, министер за туризам на Крим.

Шефот на комисијата при Државниот совет на Крим за туризам, Алексеј Чернак, изјави дека до крајот на 2014 година републиката смета на 4 милиони туристи.

 „Ние поставивме пред нас цел која ни се чини реална“, изјави Чернак, забележувајќи дека во моментов властите на Крим главните напори ги вложуваат во зголемувањето на бројот на туристи во есенските и зимските месеци. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња