Порошенко: Укинувањето на регионалниот статус на рускиот јазик беше грешка

Одлуката на Врховната рада на рускиот јазик да му се укине статусот на регионален јазик беше грешка, изјави Петро Порошенко во разговор со новинарите во Брисел.

Одлуката на Врховната рада на рускиот јазик да му се укине статусот на регионален јазик беше грешка, изјави Петро Порошенко во разговор со новинарите во Брисел.

„Немаме ништо против употребата на рускиот јазик како официјален. Се надевам дека никогаш повеќе во историјата на Украина прашањето за јазикот или културата нема да го загрози националното единство“, изјави Порошенко.

Пратениците на Врховната рада во февруари 2014 година го укинаа законот со кој на рускиот јазик му се даваше статус на регионален во тие делови на земјата каде минимум 10% од населението зборува на руски, односно во 13 од 27 украински области. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња