МНР на Русија: Резолуцијата на ООН за Сирија е еднострана и политички ангажирана

Резолуцијата на Сирија која ја усвои Советот за човекови права при ООН е еднострана и политички ангажирана, се кажува во соопштението на интернет-страницата на МНР на Русија.

Резолуцијата на Сирија која ја усвои Советот за човекови права при ООН е еднострана и политички ангажирана, се кажува во соопштението на интернет-страницата на МНР на Русија.

Во Женева од 27 јуни на 26 седница на Советот на ООН за човекови права беше усвоена резолуција во која е констатирано „сериозно влошување во областа на човековите права и хуманитарната ситуацијата во Сирија“.

„Главни коавтори се Велика Британија, Германија, Јордан, Италија, Катар, Кувајт, САД, Саудиска Арабија, Турција и Франција. Како и претходните резолуции на оваа тема, документот е едностран и политички ангажиран. За насилството е обвинета исклучително сириската влада“, се кажува во коментарот на одделението за информирање и печат при МНР на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња