МНР на Русија испрати протесна нота после стрелбата на руска територија од Украина

Русија испрати протесна нота поради стрелањето од страна на украинската војска врз преминот „Гусково“, известува МНР на Русија.

Русија испрати протесна нота поради стрелањето од страна на украинската војска врз преминот „Гусково“, известува МНР на Русија.

Во Министерството го коментираа нападот како уште едно нарушување од страна на украинската војска, и напомнаа дека претходно во Ростовската област е стрелано и врз преминот „Новошахтинск“.

„Посебно загрижува фактот дека таму се наоѓаа бегалци од Украина, граѓани на таа држава. Само поради среќна случајност никој не настрада. Бомби паднаа и во блиските населени пунктови на територијата на Русија“, пренесува МНР на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња