ДНР сака да го забрза процесот на интеграција со Царинската унија

Премиерот на самопрогласената Донецка народна република, Андреј Пургин, изјави дека ДНР треба што побрзо да развие односи со Царинската унија. Процесот треба да се забрза, особено поради тоа што Украина ја започна асоцијацијата со Европската унија.

 Треба што побрзо да го решиме прашањето за напуштање на законодавниот терен на Украина, бидејќи нашите индустриски области се најранливи ако дојде до губење на пазарот на Царинската унија, изјави Пургин.

Властите на самопрогласената ЛНР изнесоа слични гледишта за иднината. Тие планираат со Русија да создадат сојузна држава. До крајот на 2015 година ЛНР планира да влезе во Царинската унија и Евроазиската економска заедница. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња