ЛГБТ-заедницата во Украина има намера да ја поддржи сегашната власт на земјата и нејзината територијална целосност за време на фестивалот „Киевпрајд-2014“, кој ќе се одржи од 30 јуни до 6 јули, пренесува RT. Организаторите на фестивалот сметаат дека нивна задача е „борбата против проруските провокатори“.
„Ние сакаме нашите сограѓани и сограѓанки да знаат дека ЛГБТ заедницата е единствена и силна во Украина, и таа се залага за градење тесни врски со Европската унија“, изјави водачот на сеукраинското ЛГБТ здружение „Алијанса на хомосексуалците на Уркаина“, Тарас Карасијчук.
„Оваа година наша задача е да не дозволиме на проруските провокатори да сметаат во одбраната на човековите права на сите граѓани на Украина“, меѓу другото, и на припадниците на ЛГБТ заедницата“, изјави помошникот претседател на Коалицијата за спротивставување на дискриминацијата, Назариј Борски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче