„Веќе започнавме со работата и проектирањето на скицата за новиот руски разурнувач од новата генерација, наменет за воената морнарица на Русија“, соопшти за новинарите командантот на ВМФ на Русија, Виктор Чирков.
Тој изјави дека флотата засега има бродови од сите класи во потребните количини.
Освен тоа, заменикот министер за одбрана на Русија, Јуриј Борисов, изјави дека бројот на бродови во Црноморската флота после приклучувањето на Крим во составот на Русија ќе биде ревидиран и зголемен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче