Претседателот на Русија, Владимир Путин, вчера ја отвори најголемата нафтена платформа во Русија - „Беркут“ во Охотското море.
„Благодарејќи на ваквите проекти како „Беркут“, ние можеме да ги активираме најбогатите, но тешко достапни наоѓалишта, да започнеме производство и да отвораме работни места. Со еден збор - се забрзува социјално-економскиот развој на Далечниот исток“, изјави Путин. Според неговите зборови, планирано е на платформата да се произведуваат 4,5 милиони тони нафта годишно.
Претседателот исто така изјави дека за време на изградбата на платформата се почитувале најстрогите еколошки барања.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче