Италија апелираше да не се воведуваат нови санкции против Русија

Италија се обидува да ги забави обидите на САД и Германија да ги прошират санкциите против Русија, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на британскиот весник "Financial Times"

Италија се обидува да ги забави обидите на САД и Германија да ги прошират санкциите против Русија, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на британскиот весник "Financial Times"

„Спротивставувањето на Италија е сѐ поголемо и поголемо“, пренесува весникот.

Министерката за надворешни работи на Италија, Федерика Могерини, се смета дека главен противник на проширувањето на санкциите против Русија, истакнува весникот. Нејзиниот став наоѓа поддршка од Австрија, Шпанија, Кипар, Грција, Словачка, Унгарија и Бугарија.

Како што тврдат критичарите на италијанските власти, владата е посебно загрижена поради можноста од санкции против Русија и нивната штета врз компанијата „Ени“ и банката „УниКредит“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња