Во вода е спуштена првата дизел-електрична подморница за Црноморската флота. Тоа е подморницата „Ростов на Дон“ од проектот 636.3 „Варшавјанка“. Церемонијата на спуштање на подморницата е одржана на бродоградилиштето Адмиралтејское во Санкт Петербург.
Главната подморница во оваа серија е „Новоросијск“. Нејзината пловидба започна во 2010 година. Во моментов завршуваат испитувањата и таа ќе биде вклучена во флотата. „Ростов на Дон“ е втората подморница од овој проект.
Вкупно се планирани шест подморници од проектот 636.3 . Нивна главна карактеристика е големата тивкост при работата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче