До 2017 во Русија ќе бидат создадени автономни беспилотни подводни апарати (глајдери), способни да работат автономно до 90 дена, ова го пишува „Известија“, повикувајќи се на документот за развој на Воено-морските сили на Русија.
Изданието пренесува дека глајдерите ќе се движат без пропелер. Надворешноста на апаратот ќе наликува на торпедо, а внатре ќе биде инсталирана херметичка комора, поделена на два дела. Во едната ќе има воздух, а во другата течност која ќе го компресира воздухот. Намалувајќи го обемот на воздухот, глајдерот ќе може да нурка под вода. Правецот на движење ќе биде определувансо помош на две „крилја“ кои ќе се наоѓаат на апаратот.
Овие апарати ќе бидат создадени „за мониторинг на оперативната океанографска состојба“ на тие места каде другите сили и средства на флотата не можат да се употребат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче