Претседателот на Русија, Владимир Путин разговараше по телефон со германската канцеларка Ангела Меркел околу Украина и тековниот процес на прекин на огнот на југоистокот на Украина, како и растот на бројот на бегалци во Русија, пренесено е на интернет-страницата на Кремљ.
„Лидерите предложија размена на мислења во контекст на меѓународниот план за регулирање на кризната ситуација во Украина. Меѓу другото, опфатени биле и прашањата за контрола на прекинот на огнот, неопходноста од продолжување на примирјето и регуларна работа на контактната група за ослободување на насилно задржуваните лица“, пишува во пораката.
Путин исто така обрати внимание на „заострената хуманитарна ситуацијата и растот на бројот на бегалци од Украина на територијата на Русија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче