Од 1 јануари во Русија без пасош ќе можат да влезат граѓаните на ЦУ и ЕЕП

Од 1 јануари 2015 година во Русија без пасош ќе можат да влегуваат сите жители чии држави се членки на Царинската унија и Единственото економско пространство.

Од 1 јануари 2015 година во Русија без пасош ќе можат да влегуваат сите жители чии држави се членки на Царинската унија и Единственото економско пространство.

На интернет-страницата на МНР на Русија се забележува дека е неопходно воведување на ваков режим поради зголемување на ефективноста и контролата врз миграциските процеси.

„Напомнуваме дека влезот и излезот од Руската Федерација за граѓаните на државите со кои имаме потпишано меѓувладини Договори за заемни безвизни патувања од 30 ноември 2000 година и понатаму останува безвизен“, изјавено е од МНР на Русија.

Во почетокот на оваа недела жителите на Таџикистан ја изгубија можноста да влегуваат на територијата на Русија само со лична карта. Тоа се случи откако владата го прогласи решението од 21 септември 2005 година за неважечко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња