Велика Британија се заканува со нови санкции против Русија

Шефот на британското МНР, Вилијам Хејг, изјави дека Велика Британија ѝ се заканува на Русија со нови санкции поради недостатокот од конкретни дејства за регулирање на кризата во Украина, пренесува РИА „Новости“.

„Ги поздравуваме зборовите од Русија, но ние не гледаме никакви конкретни дејства“, изјави Хејг.

„Ја повикуваме Русија да ги преземе сите неопходни дејства за да го запре потокот на оружје преку границата, да ја прекина поддршката за вооружените сепаратисти на истокот на Украина. Поради отсуство на нови конкретни дејства ќе бидат воведени нови санкции против Русија. Русија не треба да Ја потценува готовноста на Европската унија за дејствување“, додаде Хејг. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња